Вчеравечер на манифестацијата „Автомобил на годината во Македонија“, признанието за теренско возило (SUV) за 2014 година е доделено на моделот „рено каптур“ (Renault Captur).
– Елегантен и отмен како однатре така и однадвор, автомобил со типичен карактер и гени препознатливи за „рено“ – изјави Симона Николовска, лице одговорно за односи со јавност и маркетинг на „Аутомотив груп“.
Стручното жири процени дека се работи за целосно нов модел, што е ценета карактеристика и ги следи сите потреби на современиот потрошувач.
– Во него се вградени сите најнови технолошки решенија вклучувајќи ги и економичните мотори кои ги исполнуваат строгите Евро 6 против загадување на околината. Тоа што е најважно е дека основниот модел нуди широк спектар на сериска опрема, а односот на цената и квалитетот се исклучително поволни – изјавија од стручното жири.
Својата титула како најдобар меѓу останатите автомобилски креации ја прослави со коктел-забава за своите блиски соработници и пријатели кои уживаа и прославија во познат скопски локал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.