| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Виктор Божиновски дневно трошел по 10.000 денари за храна

vmro-dpmne1_1

За каква средна класа ни зборува СДСМ кога секојдневно на виделина излегуваат скандали кои што го потврдуваат богатењето на луѓето од СДСМ. Наместо СДСМ да ги манипулира граѓаните со кампањи дека ќе враќале пари на граѓаните редно е во општините каде што се на власт да ги користат парите на граѓаните за корисни проекти, а не за ручеци по кафеани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму посочуваат дека никој од СДСМ, а ниту Зоран Дамјановски не излезе пред јавноста да го објасни трагикомичниот скандал со поранешниот директор на ЈП Водовод Куманово. Виктор Божиновски како директор на ЈП Вододвод Куманово, за храна по ресторани потрошил 6.030.469 денари или 100.000 евра. Ова незаконско и недомаќинско работење и искористување на парите на кумановчани е само еден од многуте примери за тоа како работат кадрите од раководството на СДСМ.

– Бидејќи ниту СДСМ, ниту Зоран Дамјановски сеуште не излегле пред јавноста и сеуште не се изјасниле за овој случај јасно е дека со своето молчење го потврдуваат овој скандал. За да им биде појасно на граѓаните за сериозноста на случајот ќе се обидеме да го доближиме до јавноста малку подетално –  изјави Сашо Трпески од ВМРО-ДПМНЕ.

Божиновски како директор на ЈП Водовод Куманово во периодот од 2010, 2011 и 2012 година не ги наплатувал побарувачките од 5 угостителски објекти во Куманово по основ на потрошена вода, геодезија и извршени проектантски услуги, туку ги компензирал со обемни ручеци и седенки со своите пријатели и соработници.

– Ова не е ништо чудно кога се работи за СДСМ. Имено, дневната кирија што Радмила Шекеринска си ја плаќа самата на себе за својот стан изнесува над 10 000 денари. Колку Виктор Божиновски трошел за кафеани, толку Радмила Шекеринска заработува од киријата – вели Трпески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top