| четврток, 6 декември 2018 |

По првиот милион, „Среќни коцки“ испорача уште две добивки по 100 илјади денари

unnamed

По испорачаниот прв милион денари во инстант-лотаријата „Среќни коцки“, уште две убави добивки во оваа игра израдуваа среќни играчи. Задоволството од играње на друштевната игра јамб во облик на инстант-лотаријата „Среќни коцки“ го почуствуваа Мирјана Петровска и играч од Охрид, кој сакаше да остане анонимен.

Мирјана е редовен игач на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, а ова е ѝ прва поголема добивка. Својот среќен инстан лоз „Среќни коцки“ го купила во продажното место „Толакс бисер“ во Скопје. И добитникот од Охрид е страстен играч на нашите игри на среќа. Лозот што му ја донесе добивката од 100.000,00 денари го купил од продажното место „Владија“ во Охрид.

Првиот милион во оваа инстант игра на среќа на Државна лотарија на Македонија е освоен овој месец, на 15. февруари.

Државна лотарија на Македонија неодамна ја лансираше и оваа игра на среќа во инстант лотариите, „Среќни коцки“. Под мотото „Сврти јамб за милион“, оваа игра им овозможува на играчите одлична можност за забава во комбинација со можноста да се освои добивка која веднаш може да се носи дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top