| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ВМРО-НП прават математики за да ни одземат повеќе гласови

vmro

Очигледно е дека СДСМ и ВМРО-НП не се разделуваат поради идеолошките разлики, туку поради проценката на СДСМ дека доколку на претстојните избори Љубчо Геогиевски и ВМРО-НП одат самостојно, ќе одземат повеќе гласови на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ преку раскинување на коалицијата со ВМРО-НП повторно сака да ги изманипулира граѓаните – велат од ВМРО-ДПМНЕ откако партиите предводени од Заев и Георгиевски објавија дека самостојно ќе одат на избори.

Оттаму додаваат дека е јасно оти двете политички партии по изборите повторно ќе коалициират како стари познаници кои имале, како што и самите велат, принципиелна и коректна соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top