| четврток, 6 декември 2018 |

Пендаровски прифатил да биде кандидат на СДСМ

Stevo-Pendarovski-1

Стево Пендаровски прифатил да биде кандидат на СДСМ за претстојните претседателски избори, објави Пресс 24.

Тој пред малку излезе од состанок со највисокото партиско раководство на Бихаќка, по што во телефонски разговор за „Пресс24“ потврди дека добил понуда да биде единствен кандидат за претседател и дека ја прифатил понудата .

– Ми беше предочено дека сум предлог на сите 76 општински организации и дека имам најголема поддршка споредено со кој било друг кандидат предложен од партиската база. По тоа, донесов одлука да ја прифатам понудата и сега оставам на партиската процедура – вели Стево Пендаровски во изјава за „Пресс24“.

Тој потврдува дека денеска во 17 часот одлуката ќе биде верификувана на Извршниот одбор, а во вторник на централно претседатество и на партискиот конгрес.

„Пресс24“ објави дека пред два дена на состанок на тесното раководство на Бихаќка паднала одлука Пендаровски да истрча на овие избори, но сѐ до овој момент и партијата и самиот кандидат негираа дека постои таква одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top