За Њујорк се вели дека е град кој никогаш не спие. Пронаоѓањето идеален стан може да биде исцрпувачки потег. Но, за тие што имаат повеќе пари, барањето место за живеење може да биде слатка мака. Има станови чија месечна кирија достигнува и до 50 илјади долари.
Прв на листата е стан чија наемнина чини неверојатни 50 илјади долари. Станува збор за стан изграден пред Втората светска војна, кој го реновирал славниот лондонски архитект Џон Павсон. Уредувањето е во минималистички стил, а уреден е во потполно бела боја, која носи смиреност во секогаш брзиот Њујорк.
За 45 илјади долари месечно може да се изнајми модерно уреден петособен стан на авенијата „Линколн“ со поглед на Централ парк и Статуата на слободата. Најдобар дел од станот се стаклени ѕидови кои се од од горе до долу и кои гарантираат најубав поглед во Њујорк.
За 12.500 долари на романтичниот Вест Сајд се наоѓа прекрасен стан кој го реновирал познатиот американски архитект Мајкл Џонсон. Во многу светлата внатрешност на станот има голем салон од каде што се отвора простор кон стилски изработената кујна. Огромните прозорци дозволуваат светлината да влезе во станот, во кој доминираат дизајнерски парчиња и голем клавир.
Следниот стан се наоѓа на 7 Авенија и киријата за него чини 9.200 долари. Овој прекрасен стан во поткровјето има пространа дневна соба, која е споена со кујната, три спални соби и две купатила. Најдобар дел од станот е италијанскиот дизајнерски мебел и естетизираните украси како лустерите и високите тавани.
Идеален за деловни луѓе, сместен во Апер Ист Сајд, пространиот трисобен стан со три купатила, дневна соба, кујна, трпезарија и балкон чини 20 илјади долари. Во овој стан се нагласени сини детали кои дејствуваат смирувачки, а подовите имаат паркет од дабово дрво кое дополнително го украсува целиот простор.
За 17 илјади долари месечно има стан чии најубави делови се токму рустикалните греди па е тешко да се поверува дека се работи за стан во центар на Њујорк, а не за некоја винтаж куќичка во природа.
Овој стан е изграден во 1905 година и месечно чини 6.900 долари. Луксузно е реновиран, со исклучително чувство за детали.
Со поглед на Статуата на слободата и под од дрво од бразилска цреша, овој минималистички уреден стан чини месечно 15 илјади долари.
На Менхетен се наоѓа еден од најубаво уредените станови во Њујорк. Сместен е во комплексот „Јунајтед нејшен плаза“ и чини 13 илјади долари.
Овој стан во кој преовладуваат бели тонови и неутрални нијанси на мебел е вистинска оаза на мир и мирно место за живеење. Чини 34 илјади долари за еден месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк
-
Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски куратори од Македонија за изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ во Њујорк
-
Цените на становите нема да се зголемат, ама нема ни да се намалат
-
Испратил електорнска порака и потоа се самозапали во Њујорк