Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и ВМРО-Народна партија донесоа одлука на евентуалните следни предвремени парламентарни избори да настапат самостојно. Велат, станува збор за партии со различни програмски платформи, коишто се обраќаат на граѓани со различна идеолошка определба. 
– Од тие причини е заклучено дека секоја од партиите, со поединечниот настап, ќе може подобро да се доближи до граѓаните на кои им се обраќаат, а, исто така, на тој начин и да ја добие вистинската доверба од своето гласачко тело. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и ВМРО-Народна партија изразуваат задоволство од коректната и принципиелната соработка во изминатиот период. И понатаму останува заедничката цел на сите политички партии од опозицијата, а тоа е победа на следните избори и уривање на власта на Никола Груевски – велат од двете партии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


