| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо, Бејл и Бензема пандан на пеколното „кралско“ трио, Ди Стефано, Пушкаш и Генто

Феноменалната партија модерен фудбал што ја презентира Реал Мадрид во Гелзенкирхен, ги предизвика шпанските новинари да се потсетат на старите добри времиња, а веднаш почнаа и споредбите.

Роналдо, Бензема и Бејл блескаа на арената „Велтинс“ и со по два гола го декласираа Шалке 04 со 6-1.

– Тие се модерните Пушкаш, Ди Стефано и Генто. Со играта во Гелзенкирхен Рони, Бејл и Бензема нѐ потсетија на старите добри времиња кога Реал доминираше во Шпанија и во Европа – пишува „Марка“.

Само како потсетување, веднаш беше објавен текст од феноменалната претстава на „старите кралеви“ предводени од Ди Стефано, Пушкаш и Генто, кога во финалето на КЕШ во 1960 година го декласираа Ајнтрахт Франкфурт со 7-3. Финалето се играше на „Хемпден парк“ во Глазгов пред 128 илјади гледачи.

puskas

Франсиско Генто на маестрален начин диригираше во маневарот, а за голови беа задолжени легендарните Ференц Пушкаш, кој направи „покер“ против Германците, и неговиот партнер во нападот Алфредо ди Стефано со хет-трик.

di stefano

Вчера модерните „кралски“ ѕвезди од поновото време, со слична импресивна партија фудбал ги потсетија постарите љубители на фудбалот и симпатизери на Реал на игрите од пред половина век.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top