На синоќешниот натпревар меѓу Галатасарај и Челси се случи несекојдневна ситуација во режија на капитенот на Челси Џон Тери, кој се однесуваше многу неспортски во моментот кога противникот имаше шанса за гол.
Не само што имаше шанса за гол, туку Бурак Јилмаз ја затресе мрежата на гостинскиот тим, но голот, секако, беше поништен бидејќи на теренот се најдоа две топки од кои едната Тери намерно ја задржа.
Искусниот дефанзивец за овој потег беше казнет со жолт картон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


