Шпанските екипи блескаа во првите мечеви од осминафиналето на Лигата на шампионите, а осбено важно е што сите три екипи славеа на гости. Импресивен меч одиграа „кралевите“ од Мадрид во Гелзенкирхен, каде што го декласираа Шалке 04 со 6-1. И Барселона е на добар пат да игра во четврт-финалето, по триуфот во дербито против Манчестер сити со 2-0. За комплетно добар впечаток се погрижија и фудбалерите на Атлетико Мадрид со успех против Милан (1-0).
Три екипи од Примера дивизион и три победи со гол-разлика од 9-1, што само ги покажува силата и квалитетот на шпанското првенство.
Сосема спротивен ефект со три порази, само едно реми и еден постигнат гол на четири натпревари има квартетот англиски екипи. И Премиер-лигата е силно натпреварување, но овојпат Арсенал и двете екипи од Манчестер, Сити и Јунајтед, комплетно потфрлија. Челси донекаде го поправи барем малку впечатокот со ремито во Истанбул (1-1) против Галатасарај.
Идентичен број претставници имаат и Германците во осминафиналето, а кај нив билансот е половичен. Баер и Шалке 04 веќе се елиминирани бидејќи загубија со 0-4 од ПСЖ, односно 1-6 од Реал Мадрид. Со по два гола разлика победи славеа ланските финалисти во ЛШ, Баерн против Арсенал (2-0) и Борусија, која ќе го пречека Зенит во Дортмунд со убава предност од 4-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


