Жосе Мурињо не е најзадоволен од исходот на мечот во Истанбул, каде што Челси одигра 1-1 против домашниот Галатасарај, а вели дека и во реваншот ќе биде тешко да се победи против квалитетниот турски преставник во Лигата на шампионите.
– Ова е Истанбул, Турција, пеколно тешко е да се игра. Галатасарај е голем клуб со дузина квалитетни играчи. Можеби треба да им се лутам на напаѓачите бидејќи требаше да постигнат уште некој гол во првиот дел. Ако нашата публика на „Стемфорд бриџ“ ни пружи барем десет проценти поддршка во Лондон, од таа што ја имаше Галатасарај во Истанбул, ќе биде одлично за нас – вели Мурињо.
Челси, сепак, помина подобро од останатите три англиски клуба во првите осминафинални мечеви во ЛШ. Двата состави од Манчестер, Сити и Јунајтед, загубија со по 0-2, а идентично мина и Арсенал во дуелот со европскиот првак Баерн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


