| четврток, 6 декември 2018 |

Претпладне сонце, попладне облаци

sonce oblaci

Утрото од овој четврток ќе почне со релативно ведро и сончево време, но веќе околу пладне ќе почне постепено наоблачување, пред сѐ во западните делови од земјата. Во вечерните часови облаците ќе покриваат најголем дел од македонското небо. Ќе дува слаб ветер, а ќе преовладува неговата западна компонента. Денот ќе биде за нијанса потопол од претходниот.

Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе достигне вредност меѓу 11 и 14 Целзиусови степени. Највисока дневна температура на воздухот, до 17 степени, се очекува во југоисточниот дел од земјата.

Во Скопје се очекува претежно сончево време наутро, а во текот на попладнето ќе настапи постепено наоблачување. Mаксималната температура ќе има вредност околу 15 Целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top