| четврток, 6 декември 2018 |

Во убиениот во Ченто биле испукани два шаржери од „калашњиков“ – куршумите влегле во неколку куќи

Убиениот во вчерашниот инцидент познат под прекарот Абиц е од селото Сингелиќ и, најверојатно, ниту тој ниту убијците не се поврзани со убиството на Џељал Ајети-Џељо, кој пред три месеци беше убиен на сличен начин на само стотини метри од синоќешното убиство.

Абиц меѓу локалните жители е познат како човек што зајмел пари на луѓе на коишто им биле потребни, се разбира со соодветна камата.

Жители на блиските куќи каде што се случил нападот велат дека во Абиц биле испукани цели два шаржери од „калашников“, и тоа на улицата Алија Авдовиќ, која води кон голем број населени места во овој дел од градот Скопје и на која имало голема фреквенција на сообраќај во времето кога се случило убиството.

Неофицијално, куршуми што биле насочени кон возилото во кое се возел Абиц завршиле и во неколку од блиските куќи.

Најверојатно се работи за куршуми што предходно поминале преку прозорските и ветробранските стакла на возилото, кое е речиси целото изрешетано, а дупнати се и четирите гуми.

Инцидентот се случил во близина на црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Сингелиќ. Ова село е на само стотина метри од почетокот на населбата која од независноста доби ново име, Методија Андонов-Ченто.

На истото место пред околу 4 месеци насилно беше запрен автобусот со број 65, кој сообраќа кон Стајковци, при што насилници со бејзбол-палки и метални шипки нападнаа десетина ученици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top