Реал Мадрид одигра брилијантен меч во Гелзенкирхен и го декласира Шалке 04 со 6-1 во првиот меч од осминафиналната рунда во Лигатата на шампионите. Во Истанбул, Галатасарај и Челси одиграа нерешено 1-1, а англиските екипи конечно во четвртиот меч постигнаа гол, откако претходно Манчестер сити и Јунајтед и Арсенал загубија од противниците со резулта од 0-2.
На „Велтинс“ арена во Гелзенкирхен, Реал одигра кралски, а три играчи постигнаа по два гола. Бензема, Бејл и Роналдо по двапати ја тресеа мрежата на Фермен, ги доведоа домаќините до очај и си обезбедија сигурен пласман во следната фаза.
„Реал му го смени прекарот на противникот вечерва. Сега сме Шалке 06“, со шеговит наслов германските медиуми ја објавија веста за дебаклот на Шалке.
Во Истанбул беше поизрамнето, а Челси поведе со голот на Торес на асистенција на Аспиликуета. Шедју израмни на 1-1 во вториот дел за надежни 1-1, пред реваншот во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


