| четврток, 6 декември 2018 |

Ако нема консензуален кандидат за претседател, ДУИ ќе бара предвремени избори

bujar-osmani_4

Бујар Османи

Ако владејачката партија ВМРО ДПМНЕ го потврди ставот дека не прифаќа предлог за консензуален претседателски кандидат, тогаш ДУИ ќе побара одржување на предвремени избори. Ова го изјави Бујар Османи, портпарол на интегративците.

– Доколку ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира оваа одлука на својата конвенција тоа значи дека концептот на консензуална политика тие не го прифаќаат. Ние ќе постапиме како што единствено знаеме – принципиелно и конструктивно. ДУИ на претседателските избори нема да истакне кандидат, туку ќе се бори за понудениот концепт, а Албанците ќе ги повика да не поддржат ниту еден кандидат затоа што ниту еден од нив нема да претставува нивната волја – рече Османи.

Барањето го појасни со ставот дека е потребно процесот на политичка интеграција во земјата да продолжи со зголемено учество на Албанците во политичкото одлучување и претставување на државата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top