Автопатот Миладиновци- Штип претставува најзначаен проект кој се реализира во источна Македонија. Како што веќе започна изградбата на овој автопат така треба да започне и изградбата на уште еден нов автопат кој ќе се гради на релацијата Кичево- Охрид. Ако се споредува 2005 година и 2013 година капиталните инвестиции во инфраструктурата пораснале за 277 отсто што докажува колку се работи на ова поле. Но нема застанување. Во повеќе наврати и преку многу проекти во инфраструктурата ВМРО-ДПМНЕ покажа дека оваа сфера е една од приоритетните и сфера од која се очекува да ја подобри и забрза економијата во Република Македонија, изјави Трајчо Димков, пратеник во Собранието на Република Македонија.
– После илјадниците проекти кои ги ветивме и реализиравме, ВМРО-ДПМНЕ повторно покажа дека е партија од збор. Она што е ветено пред граѓаните мора да се реализира, затоа граѓаните можат да ни веруваат – истакна Димков.
Со започнувањето на изградбата на автопатот Миладиновци- Штип, се започна најголемиот, најкапиталниот и најзначајниот проект во источна Македонија.
Автопатот Миладиновци- Штип кој почна да се гради минатата недела е прв автопат што некогаш ќе биде изграден во источна Македонија.
– Значително е да се спомене дека според договорот кој што е потпишан со кинеската компанија Синохидро Корпорејшн Лимитед која ќе го гради овој автопат, градежните работи кои ќе ги изведуваат македонските компании треба да биде 49 проценти, а вкупниот број на македонски градежни работници што ќе се ангажираат од страна на изведувачите и подизведувачите е најмалку 51 процент од вкупниот број. Преку овој договор ќе се обезбеди продолжување на градежните компании од државата со работа – вели Димков.
Новиот автопат ќе има големо економско значење за целиот источен регион, но и за целата држава. Со овој автопат ќе се овозможи брза комуникација и транспорт на производите од источна Македонија, подобрување на економската конкурентност, како и развој на туризмот во источниот дел на земјава. Исто така битно е да се спомене дека за стигнување од Штип до главниот град ќе бидат потребни само 30 минути што значително го намалува времетраењето за возење.
Димков додаде дека ВМРО-ДПМНЕ, како сериозна партија ќе продолжи и понатаму да излегува во пресрет на сите предизвици и да се зафаќа со големи и значајни проекти како автопатот Миладиновци-Штип, а со тоа ќе се подобруваат условите за живеење и инвестирање во нашата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Мицковски: Првичната цена 400, сега 600 милиони и ти вика дека заштедиле 100