| четврток, 6 декември 2018 |

Невладина организација ја критикува Ермира Мехмети-викала како да е на планина

ermira-mehmeti-2

Невладината организација „Движење за заедничка визија“ остро реагира на, како што вели, детското однесување на пратеничката Ермира Мехмети од ДУИ, која вчера на парламентарна седница, според нив, извикувала како да се наоѓа во планина, а не во Парламентот на Република Македонија.
– Ние сме едногласни дека госпоѓата Мехмети не само што со овој гест го потцени албанскиот народ, туку ја потцени и парламентарната група на ДУИ, но целиот срам без сомневање ќе биде врз своите гласачи. Сметаме дека ваквото „детско однесување“ на госпоѓата Мехмети не ѝ прилега, посебно не во Парламентот на една држава, која претставува рефлексија на сите граѓани. Овој законодавен дом претставува највисока институција на една држава, во која секој поединец треба да се однесува според одреден кодекс – сметаат од НВО „Движење за заедничка визија“.

Оваа организација бара од ДУИ да се дистанцира од ова, како што велат, нелогично однесување на пратеничката Мехмети. Оттаму бараат и ДПА, како и сите други пратеници, да внимаваат на нивното однесување затоа што „изгледаат како циркус за гледачите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top