Анкетата на агенцијата „Рејтинг“ на Ѓорги Спасов, инаку близок роднина на високиот функционер на СДСМ Кире Наумов, покажала дека Пендаровски е еден од кандидатите на опозицијата со најголема доверба меѓу граѓаните во пресрет на претседателските избори. Иако тој многу заостанува пред најсериозниот кандидат на ВМРО ДПМНЕ актуелниот претседател Ѓорги Иванов, Пендарвоски сепак има огромна предност пред останатите партиски кандидати коишто се појавиле во анкетата. Извори во партијата брифираат дека резултатите ги знаат сите високи претставници на СДСМ и дека е невозможно за нив да не знае Пендаровски, кој заедно со Кире Наумов беа едни од најблиските и најдоверливи соработници на Црвенковски додека тој беше претседател.
Доколку пак, Пендаровски навистина не знаел и не лаже кога вели дека не бил контактиран од никого за претседателската кандидатура, тогаш тоа е апсолутно несериозно однесување на партија како СДСМ која на неколку дена пред крајниот рок за објавување на кандидатот за претседател не знае кој е тој или кои се тие ако има повеќе. Во секој случај и ако Пендаровски навистина не знаел и ако СДСМ калкулира и манипулира се работи за крајно несериозен однос пред граѓаните како да се работи за избор на локален координатор за мал фудбал во Ранковце, а не за претседател на државата. Ако пак се утврди дека Пендаровски лажел за решението за кандидатура тогаш граѓаните треба да бидат подготвени за уште многу игри од сличен тип во престојниот период.
Покрај изворите од СДСМ за кои што нема дилема дека Пендаровски точно знае дека е партиски кандидат проблем за него се и изворите во ДУИ кои не кријат дека со емисари на социјалдемократите одамна е разговарано тој да ја добие подршката од Али Ахмети доколку не се најде договор со ВМРО ДПМНЕ за консензуален кандидат на владеачката коалиција.
Сѐ на сѐ, премногу причини да се смета дека Пендаровски ја лаже јавноста кога тврди дека никој не го контактирал од СДСМ за позицијата кандидат за претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.