| четврток, 6 декември 2018 |

Пендаровски барал поддршка од ДУИ

Stevo-Pendarovski-3

Стево Пендаровски, кој според последните пишувања во медиумите ќе биде претседателски кандидат на СДСМ, во текот на вчерашниот ден имал средба со висок претставник на ДУИ и ја барал поддршката од нив, објавува Денешен повикувајќи се на партиски извори.

Пендаровски веќе подолг период се споменува како најсериозно решение за претседателски кандидат на СДСМ. Порталот Прес 24, повикувајќи се на сигурни партиски извори, синоќа објави дека тој ќе биде кандидат на СДСМ за шеф на државата, а партискиот Конгрес на 4-ти март ќе биде само чиста формалност, бидејќи одлуката веќе е донесена без процедури и внатрепартиска постапка.

По ваквите информации, високи партиски извори за Денешен тврдат дека Пендаровски во текот на вчерашниот ден имал средба со висок претставник на ДУИ и ја побарал поддршката од нив за претседателската трка.

Во меѓувреме, паника во опозициските редови, откако Прес 24 синоќа повикувајќи се на сигурни партиски извори објави дека Стево Пендаровски ќе биде претседателски кандиат на СДСМ, а Конгресот кој СДСМ го закажа за 4-ти март ќе биде само чиста формалност.  Кртот кој издаде дека најголемата опозициска партија нетраспарентно, без процедура и без внатрепартиска постапка согласно Статутот на партијата ќе го избере Пендаровски, предизвика нервоза и револт на Бихаќка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top