| четврток, 6 декември 2018 |

Филмско убиство на познат боксер

Вчера беше уште еден црн ден за спортот. Поранешниот двократен светски боксерски шампион , 44 -годишниот Антонио Сермењо , бил киднапиран и убиен во својата родна Венецуела, во речиси филмско сценарио.

Според изјавите на неговата сопруга за тамошните медиуми, таа и Антонио биле киднапирани во Каракас во понеделникот, а таа успеала да им избега на киднаперите додека тие полнеле гориво на една бензиска пумпа во главниот венецуелски град.

За жал, Сермењо ја немал таа среќа, тој за одмазда бил брутално убиен. Неговото безживотно тело било пронајдено следното утро на автопат во државата Миранда. Киднаперите го застрелале без милост, а кога го пронашла полицијата на неговото тело биле видливи прострелни рани.

Популарниот „Колос“, како што го нарекуваа , беше светски шампион во бокс во лесна категорија во деведесеттите. Неколку пати успешно ја одбрани титулата, а се повлече од боксот 2006 година. Во пензија замина со 45 победи и седум порази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top