
Иако често слушаме дека водата е најздрав пијалак, современите истражувања покажуваат дека тие тврдења не се најточни. Во водата се пронајдени некои хемикалии на кои не можат да им помогнат ниту филтрите за прочистување, пишуваат странските медиуми.
Арсен
Големото количество на арсен во водата може да ги оштети белите дробови како што тоа го прават цигарите. Дури и ниското ниво на арсен во водата може да ја наруши функцијата на белите дробови.
Бакар
Бакарот се наоѓа во цевките во водовод и може да предизвика собирање на бета амилод, кој е протеин за кого се сомнева дека е поврзан со Алцхајмеровата болест.
Хлор
Ги убива бактериите, но водата која се третира со оваа хемикалија во комбинација со органски работи како гнило зеленило може да формира трихалометан кој е канцероген во високи дози.
Олово
Оловото е метал кој водата може да го „собере“ низ цевките, посебно тие старите и може да предизвика зголемен крвен притисок и проблеми со бубрезите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


