
СДСМ негира дека е донесена одлука Стево Пендаровски да биде кандидат на СДСМ за претседател на Македонија. Тие тврдат дека информацијата што вчера ја објави Прес 24 е шпекулација.
-Провладините медиуми преку тенденциозни текстови продолжуваат со пласирање шпекулации за СДСМ. На вчерашната седница Извршниот одбор на СДСМ одлучи 16-тиот Конгрес на партијата да се одржи на 4-ти март 2014 година. На Конгресот ќе се избере кандидатот на СДСМ за Претседател на Република Македонија. Внатрепартиската постапката во СДСМ, за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија е во тек и се одвива согласно Статутот на партијата – стои во реакцијата на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


