Со деликатна операција остранета e стуатуата на Јулија од дворот на славната куќа во Верона и пренесена во леарница каде ќе биде направена нејзина копија.
Акцијата на носење на бронзаната статуа на девојката на Ромео била неопходна заради оштетувања на скулптурата, дело на италијанскиот вајар Нере Костантини.
– Единствен настан за нашиот град, изјави градоначалникот на Верона, Флавио Този, кој лично присуствуваше на операцијата на отстранување на статуата, што е еден од симболите на градот на „вечната љубов“.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, изработката на силиконскиот калап за новата статуа треба да трае десетина дена, по што оригиналната скулптура ќе биде вратена на своето старо место.
Статуата на Јулија Капулети, хероината на славната трагедија на Вилијам Шекспир „Ромео и Јулија“, е поставена во 1968 година наспроти „балконот под кој Ромео во топлите веронски ноќи и шепотел љубовни пораки на Јулија“.
Статуата секоја година привлекува повеќе од три милиони туристи во Верона.
Според легендата, девојките треба да ја допрат десната рака на Јулија и да помислат љубовна желба, а момчињата десната града на бронзената Јулија. Доколку момчето и девојката тоа го сторат истовремено, се верува дека засекогаш ќе останат заедно.
Дека приказната има одек меѓу посетителите, сведочи излитеноста на двата дела од бронзениот кип на Јулија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ниту смртта не можеше да ги раздели: Пред 25 години беа убиени сараевските Ромео и Јулија
-
Случајност или судбина? Се родија Ромео и Јулија (ФОТО)
-
Никола Грбиќ го менува селекторското место на Србија со тренерското во Верона
-
Лука Тони: Не сум изненаден, Зампарини отсекогаш знаел да доведе врвен напаѓач