| четврток, 6 декември 2018 |

Дени Илиев со Арсенал на мегдан на Барселона во младинската Лига на шампиони

Младинскиот репрезентативен голман на Македонија, Дени Илиев ќе го брани голот на Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите за фудбалери до 19 години, а следен противник е Барселона. Вечерва младите „топчии“ славеа со 3-1 против Шахтар Доњецк и се пласираа во четвртфиналето на премиерното натпреварување за фудбалери до 19 години.

Тоа ќе биде дерби на следната рунда, а Барселона ќе му биде домаќин на Арсенал. Илиев вечерва бранеше цел меч. Прими гол во 43. минута, кога го совлада Борјачук. Сепак напаѓачите од Лондон беа расположени за игра и со головите на Торал, Олсон од пенал и на Гнабри му донесоа победа на Арсенал.

Во уште едно четвртфинале ќе играат Челси и Шалке 04, по денешните победи против Милан од 4-1, односно со Реал Сосиедад од 2-1. Утре се играат преостантите четири осминафинални дуели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top