
Жестока расправија вечерва се води на Бихаќка околу прашањето дали опозицијата предводена од СДСМ да се појави на локалните избори, информира порталот press24. Според информациите, дел од блиските соработници на Црвенковски се обидуваат да го убедат лидерот да ја повлече одлуката за бојкот и партијата да излезе на изборите во март.
Според истите извори, Црвенковски се соочува со проблем да ги голтне заканите дека партијата ќе ги бојкотира изборите и сепак да се појави пред граѓаните.
Инаку, опозивијата денеска уште еднаш го повори ставот дека без договор за предвремени парламентарни избори, нема да учествува на изборите за градоначалници и советници.
-Сакам да потенцирам: ако нема договор за предвремени парламентарни избори, опозицијата ќе ги бојкотира локалните избори, а ние како пратеници ќе ги вратиме мандатите – рече денеска Горан Мисовски.
– Нема остстапување. Одиме до крај. Не планираме учество на локалните избори, сѐ додека не се вразуми оваа власт да донесат одлука за предвремени парламентарни избори- изјави денеска Самка Ибраимовски.
Партиски извори брифираат дека голема е веројатноста партијата да излезе со одлука, да се појави на локалните избори а да не се врати во Собранието.
Неодамна, СДСМ имаше седница на Централниот одбор на која беше донесена одлука, СДСМ да ги бојкотира изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


