| четврток, 6 декември 2018 |

Мустафа: Избори во Косово ќе има до јуни

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, ДСК, Иса Мустафа, изјави дека неговата партија ќе стори сѐ следните парламентарни избори да се одржат во јуни. Како што пишува на неговиот профил на „Фејсбук“ ова барање било од Форумот на жените и Форумот на младите на ДСК, додавајќи дека партијата чиј лидер е тој не прави тајни договори.

– Деновиве реализираме широка активност со Форумот на жени и Форумот на младите на ДСК во сите разграноци. Постои голем интерес кај жените и младите за престојните парламентарни избори. ДСК ќе ги преземе сите активности изборите да се одржат до јуни, зашто владините инситуции станаа неподносливи и немаат голема легитимност – пишува Мустафа.

Тој наведува дека неговата партија ќе работи изборите да бидат добро организирани, да бидат следени од меѓународни и домашни набљудувачи и да бидат легитимни.

– Ќе коалицираме со оние субјекти со кои ќе обезбедиме позитивни и неопходни промени во економскиот развој, во зајакнувањето на правата држава, во борбата против корупцијата и неопходните структурни реформи. Ја ќе ги почитувам мислењето на членството и граѓаните за власт која и е потребна на оваа земја во овие мигови. ДСК не прави тајни договори – нагласува Мустафа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top