
Во украинскиот град Броди, западна Украина, урнат е споменикот на еден од најголемите генерали во руската историја Михаил Кутузов, кој го порази Наполеон. Споменикот од постаментот бил отстранет од општинските работници, а постаментот подоцна било уништен.
Според локалните медиуми, на местото каде бил споменикот на Кутузов ќе биде подигнат нов, посветен на загинатите луѓе за време на протестите против соборениот претседател Виктор Јанукович.
Украинската националистичка партија „Свобода“, која имаше клучна улога во протестите во Киев, се обидуваше да го отстрани споменикот на Кутузов од 2008 година, тврдејќи дека нема никаква врска со историјата на Украина. Противниците на националистите тврдат дека одлуката на Кутузов довела до тоа Наполеон да се откаже од повлекувањето од Рузија преку Киев, со што е спречен евентуалниот грабеж
на денешна Украина.
Украинските националисти вчера во градот Стриј, западна Украина, го уништија споменикот „Советски војник“ посветен на жртвите од советската војска во борбата против нацистите во Втората светска војна.
Ширум Украина урнати се околу 25 споменици на Владимир Илич Ленин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


