| четврток, 6 декември 2018 |

Луксузот не бил само за Јанучкович – еве каде живеел украинскиот јавен обвинител (ФОТО)

Приватната зоолошка градина, стаклена градина, фарма, дрвен брод, плажа, гаражата полна со класичните „олдтајмери”, но и нови луксузни модели на автомобили – ова го начекаа демонстрантите кога влегоа во вилата на украинскиот претседател Виктор Јанучкович.

Но, во нереално богатство и луксуз уживаа и луѓето блиски до него. Демонстрантите и новинариите имаа можност да влезат и во домот на разрешениот државен обвинител Виктор Пшонка. Пшонка, кој сега е во бегство и по кого е издадена потерница, поседувал огромна резиденција во селото Гореничи, блиску Киев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top