| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува владината политика за помош на македонското земјоделство

vmro

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува и ја поддржува политиката на Владата со која се дава континуирана и безрезервна поддршка и помош на македонското  земјоделство и македонскиот земјоделец.

– Ова е доказ дека луѓето можат да веруваат на ВМРО-ДПМНЕ и да почувствуваат дека денес некој се грижи за земјоделците – изјави на денешната прес-конференција, Димитар Стевананџија и додаде дека од ВМРО-ДПМНЕ се задоволни сме што во последните две недели македонските земјоделци  добија голем дел од субвенциите кои што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секоја година ги одвојува од Буџетот на Република Македонија.

– Пред неколку години ветивме силна поддршка за земјоделците, а денес тоа е дел од секојдневието на секој земјоделец во Република Македонија – истакна Стевананџија.

Драстично е зголемен извозот на земјоделските производи, се врши промоција и брендирање на македонските земјоделски производи во светот, исто така зголемен е бројот на регистрирани земјоделци, максимално се искористуваат обработливите земјоделски површини, како и заложбите за  пронаоѓање на нови странски пазари каде што би се пласирале македонските земјоделски производи.

– Ваквата поддршка кон земјоделието од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ придонесува голем број на македонски фамилии својата егзистенција да ја пронајдат токму во земјоделието. Владата со редовна  исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство – рече Стевананџија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top