
Поранешниот шеф на претседателската администрација на Украина, Андриј Клуев, кој според новите украински власти се крие заедно со отстранетиот од власт претседател Виктор Јанукович, е застрелан во ногата, изјави неговиот портпарол Артом Петренко.
Петренко изјави дека доверлив извор му рекол дека врз Клуев било стрелано двапати и тој бил ранет, но животот не му бил во опасност.
Петренко истакна дека не разговарал со самиот Клуев и не знае каде е тој. Тој додаде дека не е познато дали Клуев е со Јанукович, кој во петокот избега од Киев и украинските власти трагаат по него по обвинение за убиство.
Претходно, денеска украинската агенција Унијан соопшти дека Андриј Клуев поднел оставка. Како што изјави самиот Клуев, тој доброволно ја напишал молбата за оставка и се сретнал со Јанукович на Крим, за лично да му ја врачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


