| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Досега се поднесени три кандидатури

vmro-dpmne1_1

Денеска можам да потврдам  дека до ВМРО-ДПМНЕ се доставени уште две кандидатури, кандидатурата на Божидар Ночев, магистер на науки, а, исто така, денеска достави своја кандидатура и Ѓорге Иванов  за претстојната конвенција за избор на кандидат за претседател  на Република Македонија, изјави денеска на прес-конференција Емил Димитриев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Со ова досега се поднесени вкупно 3 кандидатури замајќи ја предвид и кандидатурата на  Јове Кекеновски, која претходно беше објавена.

Крајниот рок за доставување на кандидатурите до конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на претседател на Република Македонија истекува в среда во 20 часот.

На конвенцијата, која ќе се одржи на 1 март, 1300 делегати на ВМРО-ДПМНЕ ќе избираат кандидат за претседател на Република Македонија во демократска атмосфера во согласност со процедурата предвидена во предложениот деловник за работа на конвенцијата.

ВМРО-ДПМНЕ целокупната постапка за избор на свој кандидат за претседател на Република Македонија ја води крајно транспарентно во согласност со сите демократски принципи. Ние како партија воведовме нови стандарди во водењето на политиката и очекуваме овие стандарди да бидат следени од останатите политички субјекти во државата. Изборот на кандидат за претседател на Република Македонија сметаме дека е врвен демократски дострел и оттука целиот процес го водиме крајно одговорно и демократски.

Како што претходно најавивме, секој кандидат ќе има еднаква можност и право за презентрација на својата програмска визија пред делегатите на конвенцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top