| четврток, 6 декември 2018 |

Билд: Околу 300 германски исламисти заминале во Сирија

al bab sirijaОколу 300 млади германски исламисти заминале во изминатите месеци во Сирија за да се вклучат во борбите против сирискиот претседател Башар Асад, а досега 16 екстремисти од Германија таму го загубиле животот, објави „Билд“ повикувајќи се на безбедносни извори.
Експертот за внатрешна политика од баварската Христијанско-социјална унија, Штефан Маер, предупреди на „зголемен број темпирани бомби, школувани во работилници за убиства“.
Тој додава дека заминувањето на радикални Германци во Сирија мора да се спречи.
– Во спротивно ни претстои голем безбедносен проблем – изјави Маер за „Билд“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top