| четврток, 6 декември 2018 |

Серијата во која игра Ана Стојановска ја доби холивудската награда „Сателит“

На доделувањето на престижните награди „Сателит“ во неделата во Лос Анџелес беше наградена и првата регионална веб-серија „Само велам“ („Само кажем“).

Веб-серијата, во која една од улогите ја толкува и македонската актерка Ана Стојановска, победи во категоријата „оригинален краток формат“, во конкуренција од осум веб-серии.

Продуцент на „Само велам“ е „Фонд Б92“, а извршен продуцент е „Туна фиш студио“ од Белград. Режијата е на младата белградска режисерка Јелена Гавриловиќ, а во серијата, покрај Ана Стојановска, играат младите актери од регионов: Младен Совиљ, Ана Мандиќ, Милена Станиќ, Давор Голубовиќ, Бујар Ахмети и Јелена Асановиќ.

samo kazem

Наградата „Сателит“ ја доделува Меѓународната агенција за новинарство (International Press Academy) и се смета за една од најсигурните показатели за потенцијалните добитници на „Оскар“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top