На 23 февруари во село Волково на ул. „1 “, во куќа сопственост на Т.Ц.(47), непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел паричник во кој имало околу 5.000 денари, кредитни картички и разновиден златен накит, со што стекнал противправна имотна корист од околу 180.000 денари.
Непознатиот сторител со употреба на погоден предмет ја отворил балконската врата од куќата, влегол внатре, извршил пребарување по собите, ги пронашол и украл наведените предмети и ја напуштил куќата. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.