| четврток, 6 декември 2018 |

Расте бројот на обраќања до Сојузот на синдикатите

 zivko

Расте бројот на претставки до Сојузот на синдикатите на Македонија. Во текот на минатата година во ССМ се евидентирани 3.633 обраќања за заштита на правата на работен однос, што, споредено со 2012 година, претставува зголемување за 844 обраќања.

– Одделението за работни односи, правна заштита и колективно договарање, регионалните синдикални претставништва и канцеларии на синдикатите, ги преземаа сите законски расположливи мерки и активности за да се постигне максимум во остварувањето на работничките права – изјави претседателот на ССМ, Живко Митревски.

Најголем број обраќања се од Синдикатот на работниците од угостителство, туризам, комунално-станбено стопанство, занаетчиство и заштитни друштва на Република Македонија, како и од Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на Република Македонија и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање.

Митревски истакна дека најголемиот број обраќања биле по основа на неисплатени плати, придонеси и надоместоци, и тоа вкупно 2.119 обраќања.

Другите обраќања биле поради отказ од деловни причини 689, права во стечајна постапка 200 обраќања, синдикални права 171 обраќање, променети договори за вработување 153 обраќања и обраќања за прекувремена работа 124 обраќања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top