
Директорот на Центарот за комуникаци на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на партијата, Илија Димовски, ја поддржа иницијативата за кандидатурата на Ѓорге Иванов. Истото го стори и поранешниот геренален секретар на најголемата политчка партија, Борис Земјковски, како и Владо и Дијана Трнталовски, кои се едни од основачите на партијата.
На списокот поддржувачи на Иванов е и името на актулениот министер за образование Спиро Ристовски, пратеникот Трајче Димковски од Штип, потпретседателката на Собранието Светлана Јакимовска, како и претседателот на општинскиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Зоран Илијоски.
Свој потпис за поддршка ставија и професор д-р Зоран Панов, декан на технички факултет во Штип, професор д-р Билјана Ангелова, директор на Економски институт при УКИМ, професор д-р Благоја Наневски професор по економија во пензија, професор д-р Југослав Зибровски, од земјоделски факултет, професор д-р Александар Дејановски, професор д-р Оливер Андонов, професор Симов Орце и професор д-р Билјана Апосотоловска.
Вчера Иванов ја доби поддршката и на вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ставрески, како и на видни членови на Извршниот комитет на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата


