Рафаел Надал со новата победа во Бразил над Украинецот Олександр Долгополов покажа дека и натаму игра во совршена форма, но истовремено успеа да насмее речиси еден милион луѓе кои ја гледаа кратката компилација од снимки, која се појави на „Јутјуб“.
Имено, покрај клупата на тенискиот првак, за време на натпреварот стои секси Бразилка подготвена да му подаде пешкир во кој било момент и постојано будно го набљудува. Но, Надал не обрнува внимание на нејзината беспрекорна фигура и гледа на сите погрешни страни, освен кон вистинската.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.