| четврток, 6 декември 2018 |

Европарламентот ја почна работата со едноминутен молк за жртвите во Украина

evroparlament-evrospki-parlament-685x320

Пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур на предлог на неговиот претседател Мартин Шулц почна со едноминутeн молк за жртвите на немирите во Украина.

На овој начин, според Шулц, Европарламентот изразува почит кон стремежот на украинскиот народ за демократија и правдност и им оддава почит на загинатите за оваа кауза.

– Основните предизвици пред Украина сега се постигнување национално помирување и политичка стабилност, преку изборот на нова Влада, која ќе ги одразува интересите на сите – нагласува Шулц.

Тој го поздрави ослободувањето од затвор на украинскиот опозициски лидер Јулија Тимошенко и го поздрави закажувањето на претседателските избори за 25 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top