Синоќа почина фотографот Чедомир Ненковиќ, мајстор на добрата фотографија.
Нашиот Буби нѐ остави сите со подзината уста кога чувме за неговата смрт. Чедица секогаш ќе го паметиме како одличен шегаџија, со посебен табиет, кој имаше око-соколово за битни моменти и детали, изострено чувство за убаво…
Ненковиќ беше роден на 9 септември 1958 година. Во својата богата кариера работеше во дневниот весник „Вечер“, во „Дневник“ беше уредник на фотографија, а работеше и како дописник на новинската агенција „Танјуг“.
Погребот е денеска во градските гробишта во Бутел.
Нека ти е лесна земјата, драг наш Буби. Почивај во мир.
Од редакцијата на „Република“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тага во фудбалскиот свет, почина еден од најдобрите светски судии Стефано Фарина
-
Браќата Маџирови ќе се сретнат по 17 години: Мене ништо друго и не ми преостана туку да го барам Игор меѓу овие 88 дирки (ВИДЕО)
-
ИН МЕМОРИАМ: По долго и тешко боледување почина доајенот на македонскиот кајак, Мичо Поповски
-
Вања Лазарова: Ќе се сети ли некој на нас ако самите се заборавиме?