Екипата на Вилјареал во 25. коло од шпанската Примера на гостински терен со многу среќа го совлада тимот на Еспањол со резултат 2-1.
„Жолтата подморница“ поведе во 36. минута откако Гомез ја заби топката во мрежата по одличниот центаршут на Леива. Во 51. минута со многу среќа, Вилјареал ја зголеми предноста, Дос Сантош ја пропушти шансата да постигне гол, но на вистинското место се најде Жереми Пербе, кој беше прецизен за 2-0.
Еспањол во 78. минута успеа да постигне гол и да го ублажи поразот. Стрелец беше Џон Кордоба за конечните 2-1. Екипата на Еспањол во 90. минута пропушти шанса да дојде до реми откако Гарсија од белата точка не успеа да го совлада голманот на Вилјареал.
По оваа победа, Вилјареал е на 6. позиција со освоени 40. бода и со добри шанси да се бори за позициите кои водат во еврокуповите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


