| четврток, 6 декември 2018 |

Наполи киксна против Џенова (видео)

На последната средба од 25. коло во италијанската Серија А, Наполи на домашен терен одигра нерешено со Џенова 1-1.

Наполи веќе во 4. минута имаше одлична шанса, но Игуаин биеше непрецизно. Во 19. минута Наполи дојде до заслуженото водство, Хамшик му асистираше на Игуаин, кој постигна гол за 1-0. Двете екипи до крајот на првиот дел имаа уште по неколку шанси, но резултатот остана непроменет.

По лошиот старт, Џенова на почетокот од второто полувреме преку Скули имаше добра шанса, но гостинскиот напаѓач беше непрецизен. Сепак, во 84. минута Џенова дојде до израмнување со фантастичниот гол на Емануел Калајо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top