
Перо Антиќ и Владо Илиевски повторно ќе играат за македонската кошаркарска репрезентација. Ова за словенечките медиуми го изјавил директорот на македонската кошаркарска репрезентација, Илија Мерџановски.
– Убеден сум дека тие ќе играат и натаму за македонската репрезентација. Последниот збор единствено досега го кажа само Тодор Гечевски – наведе Мерџановски.
Антиќ и Илиевски по Европското првенство што се одржа лани, соопштија дека ги отстапуваат местата во репрезентацијата за помладите генерации, но македонската кошаркарска јавност потајно се надева дека нашите кошаркарски јунаци, сепак, ќе се премислат до следните предизвици.
Во квалификациите за ЕП во Укараина нашата селекција ќе игра против Белорусија, Белгија и Данска. На Европското првенство ќе обезбедат место најдобрите од седумте групи и најдобрите шест второпласирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


