| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија и Бугарија бараат помош од ЕУ за изградба на експресна железничка линија

IF

Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Македонија, Кристијан Вигенин и Никола Попоски, во писмо упатено до еврокомесарите за проширување Штефан Филе и за регионална политика Јоханес Хан побарале финансиска поддршка од Европската унија за изградба на експресна железничка линија меѓу Софија и Скопје, пишува dariknews.bg.

Шефовите на дипломатиите на Бугарија и на Македонија барањето го аргументирале со фактите дека трасата по која треба да минува експресниот воз е дел од Коридор 8. Оваа линија, според нив, ќе ја олесни трговската размена и ќе се зголеми протокот на патници граѓани.

– Република Бугарија и Република Македонија ќе ги интензивираат напорите за промовирање на добрососедските односи и соработка, вклучително и преку проекти и иницијативи кои би можеле да имаат практична вредност не само за двете земји, туку и за целиот регион.  Сметаме дека треба да биде препуштање приоритетно значење на постојните проекти, кои се насочени кон развој на автомобилската и железничката инфраструктура, со посебно внимание на спроведувањето на Коридорот 8 – пишуваат министрите во писмото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top