| четврток, 6 декември 2018 |

Посончево од вчера, но не и потопло

soncevo

Иако во однос на преходниот ден овој вторник ќе биде посончев, сепак тоа нема да значи дека ќе биде и потопло. Во текот на денот ќе дува слаб ветер од северен правец, но веќе вечерта ветерот ќе го менува правецот во јужен.

Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе достигне вредност помеѓу 8°С и 12°С. Највисока дневна температура на воздухот, до 13°С, се очекува во југоисточниот дел од земјата.

Во Скопје се очекува претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува претежно слаб северен ветер, а вечерата ќе биде без ветер. Максималната температура ќе има вредност околу 12°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top