Францускиот синдикат за филмската критика протестираше против одлуката на судот, кој по барање на „интегристичко здружение“, ја подигна старосната граница од 16 на 18 години за филмот на Ларс вон Триер „Нимфоманијак“, јавува дописникот на МИА од Париз.
„Во согласност со мислењето на Комисијата за класификација на кинематографските дела во која учествува Францускиот синдикат на филмската критика, министерот за култура одобри прикажување на „Нимфоманијак“ со забрана за помлада публика од 12 години, за првиот филм, и 16 години за вториот филм“, се вели во соопштението на Синдикатот.
Но „интегристичкото здружение Промовуар“ се вмеша и повикувајќи се на членот 227-24 од Кривичниот законик, обвинувајќи за присуство на порнографски слики, без притоа да го види филмот, побара измена на забраната за гледање на филмот. По жалбата на ова здружение, првиот филм беше забранет за помлади од 16 години и вториот за помлади од 18 години, со што не го следеше мислењето на надлежната комисија.
Синдикатот на филмската критика посакува сега Управниот суд од Париз да не ја потврдува претходната пресуда и започнува да се залага за укинување на членот 227-24 од Кривичнот законик на Франција кој „се претвори во оружје на екстремистите против уметничките дела кои не им се допаѓаат“.
Тој член на зконот предвидува тригодишна затворска казна и 75.000 евра парична за „произведување, пренесување, ширење со кои било средства на пораки со насилна и порнографска содржина, кога една ваква порака можно да биде видена од малолетник. Филмот „Нимфомнаијак“ го раскажува пеколниот живот на Џое чија улога ја игра Шарлот Гансбург, самопрогласена нимфоманка, која незапирливата потрага по секс ја води во бездна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.