На конкурсот на Министерството за внатрешни работи за прием на извршители во хелихоптерската единица се пријавени вкупно 466 кандидати. Од вкупно пријавените, соопшти денеска МВР, 247 тоа го направиле по електронски пат преку веб-страницата на Министерството, а во полициските станици биле поднесени вкупно 219 пријави. Од вкупниот број пријавени кандидати, 59 се жени.
Во наредниот период, се појаснува во соопштението, ќе почне фазата на селекцијата на кандидатите кои ќе бидат повикувани заради тестирање на нивните способности. Најпрво ќе следи фазата на административна селекција, потоа проверка на моторичките способности, општообразовен тест, психолошки тест, тест за познавање на англискиот јазик и на крајот лично интервју.
МВР ги повикува сите кандидати што конкурирале на овој конкурс да ја одржуваат својата психофизичка подготвеност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?