Службеничка во подружница на „Македонска пошта“ во Кочани крадела од трансакциски сметки и присвојувала пари со кои граѓаните плаќале сметки за струја и за вода, соопшти МВР.
Во текот на 2013 година, В.Ј. (45) од Кочани, вработена во АД „Македонски пошти“, ги присвојувала паричните средства уплатени од физички лица по основа на платени фактури за електрична енергија и вода. Некои сметки ги сторнирала, а некои воопшто не ги евидентирала.
Исто така, од трансакциски сметки на девет лица со налози за исплата на готовина подигала парични средства и ги користела за себе, а потоа со уплатница повторно им ги плаќала на сметките.
На овој начин, В.Ј. неовластено се послужила со 1,8 милион денари, противправно за себе присвоила 39.304 денари, а го оштетила друштвото за 27.429 денари.
Кочанската полиција против неа поднесе кривична пријава за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и продолжено кривично дело послужување во службата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.