| четврток, 6 декември 2018 |

Париз ги отвора европските врати за Турција

(ЕПА) Францускиот претседател Франсоа Оланд на влезот на Елисејската палата

(ЕПА) Францускиот претседател Франсоа Оланд на влезот на Елисејската палата

Франција  е подготвена да го одблокира поглавието за регионална политика во рамките на преговорите за членство на Турција во Европска унија, кои почнаа уште во 2005 година. Одлуката укажува на подобрување на односите меѓу двете земји откако во Франција лани стапи на должност новиот претседател Франсоа Оланд, јавија западните медиуми.

Оланд директно не ја поддржа кандидатурата на Турција за членство во ЕУ, но истакна дека земјата треба да се оценува врз основа на политичките и економските критериуми. Претходниот француски претседател Никола Саркози сметаше дека Турција не е дел од Европа. Турција од 2005 година има затворено само едно од 35 поглавие, а Франција стави вето на вкупно пет поглавија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top