ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува активирањето на експлозивна направа, кое се случи доцна синоќа пред штабот на СДСМ во Карпош.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува институциите на системот во најбрз можен рок да го расветлат случајот на активирањето на експлозивата направа и виновниците да ги изведат пред лицето на правдата.
-Апелираме до сите политички субјекти да се воздржат од политичка злопотреба на овој настан, да овозможат институциите да ги откријат сторителите, за да се утврди вистинската заднина и цел на овој настан – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.