Претседателот на Белорусија, Александер Лукашенко, ја отфрли можноста следното востание, слично на неодамнешните настани во Украина, да се случи во неговата земја.
– Нема да има Мајдан во Белорусија – истакна Лукашенко мислејќи на Плоштадот на независноста во Киев, главното место за собирање на демонстрантите.
Наведувајќи дека иако во општеството постојат одредени тензии и стравувања за иднината и стабилноста на земјата, ја посочи „светата мисија“ на Владата и безбедносните сили да го зачуваат мирот и стабилноста во Белорусија, пренесоа руските медиуми.
– Треба да учиме на грешките на другите народи и да спречиме дури и најмали навестувања за нестабилност во нашата земја. Соседна Украина, која стана арена на судири меѓу моќните внатрашни и надворешни сили, треба да ни биде лекција – изјави тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



